Манчестер сити најдоа замена за Лирој Сане, во случај крилниот напаѓач да се пресели во Баерн Минхен. „Граѓаните“ ги известитле Реал Сосиедад дека се подготвени да ја активираат откупната клаузула на Микел Ојарзабал.
Сане, според медиумите, се наоѓал на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Овој трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра.
Пеп Гвардиола не сака ништи да му препушти на случајот и веќе нашол играч што ќе го замени Сане. Ојарзабал во својот договор има откупна клаузула од 75 милиони евра, сума што Сити имаат намера да ја платат.
22 годишниот фудбалер најчесто игра како лево крило, иако без проблем може да игра и на спротивната страна. Минатата сезона постигна 14 гола за Сосоеидад на 41 натпревар.