Top Sport

Манчестер сити на игнор ја ставиле УЕФА

Манчестер сити одбиле на УЕФА да и одговорат на коментарите за наводното кршење на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј. Од клубот тврдат дека истрагата е заснована на украдени или хакирани мејлови.

Кон крајот на 2018 година „Фудбал Ликс“ објави голем број на документи и приватни мејлови кои покажуваат како се „пеглале“ сметките и местеле извештаите поврзани со парите добиени од спонзорите.

УЕФА, во декември лани, на адреса на Манчестер сити, по писмен пат побарале од клубот да одговори на овие тврдења. Меѓутоа Сити ја игнорираат Европската фудбалска унија, со образложение дека не мораат да одговорат бидејќи сознанијата дошле по нелегален пат, од украдени и хакирани мејлови.

Од УЕФА, најавија, но се уште не покренале официјална истрага, а според англиските медиуми, истрага со која би ги истражила тие неправилности нема да има.

Она што е забележливо е дека Сити не ги коментираат мејловите, но во ниту еден момент не се оградиле од нивната содржина.

Scroll to Top