Top Sport

Ракометарите на мегдан со Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе игра против Шпанија, во претпоследното коло во Б-групата, на Светското првенство. Овој и утрешниот дуел со Исланд ќе го даде одговорот на прашањето дали Македонија ќе ги продолжи натпреварите во втората фаза.

foto: epa

Шпанија заедно со Хрватска досега имаат по три победи и ја предводат табелата во Б-групата, додека Македонија по стартните две победи над Јапонија и Бахреин забележа пораз од Хрватска.

Квалитетот и традицијата секако се на страната на Шпанија. Македонија никогаш не ја победила „црвената фурија“ во досегашните шест меѓусебни пресметки. Со актуелните европски шампиони, македонските ракометари играа на последните две големи натпреварувања, лани на ЕП и во 2017 на СП.

foto: epa

Најавите од нашиот табор се дека нема да има калкулации на дуелот со Шпанија. Доколку противникот понуди шанса ракометарите се подготвени да ја искористат. Шпанија игра добро на овој турнир, но факт е дека пред два дена се мачеа за да ги освојат бодовите против Јапонија.

Дуелот во Минхен ќе започне во 20:30 часот.

https://topsport.mk/wp-admin/post.php?post=59774&action=edit

Scroll to Top