Top Sport

Манчестер сити неколку месеци без Лапорт

Одбранбениот играч на Манчестер сити Ајмерик Лапорт во средата го оперирал повреденото колено. Според клупските лекари тој ќе отсуствува неколку месеци од фудбалските терени.

Поранешниот играч на Атлетик Билбао се повреди минатиот викенд на почетокот на натпреварот со Брајтон. Лапорт го повредил коленото, односно дел од менискусот.

Точеин прогнози кога тој ќе се врати во тимот нема, но се претпоставува дека нема да игра неколку месеци.

Лапорт минатата сезона беше најстандардниот играч на Сити, повеќе натпревари во Премиер лигата од него одигра само Бернардо Силва.

Отсуството на Лапорт ќе претставува проблем за Пеп Гвардиола бидејќи централни дефанзивци во тимот се само Николас Отаменди и Џон Стоунс.

Scroll to Top