Српските медиуми јавуваат дека Манчестер сити се заинтересирани за младиот фудбалер на српскиот суперлигаш Чукарички, Слободан Тедиќ, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар млад играч во српската Суперлига.
Според „Моцарт спорт“, за Тедиќ се заинтересирани Пеп Гвардиола и Манчестер сити, кои би биле подготвени да платат 3 милиони евра за 19-годишниот фудбалер од „Баново брдо“, нешто што го потврдува спортскиот директор на клубот, Ненад Миросављевиќ.
„Само ќе кажам дека за Тедиќ има заинтересираност на најголемите европски клубови. Но, ние не сме загрижени и гарантираме дека се грижиме за него и дека останува со нас до крајот на сезоната“, изјави Мирослављевиќ.