Манчестер сити се подготвува за саботното финале во Лигата на шампионите против Интер, а менаџерот Пеп Гвардиола веднаш потоа ќе се сврте кон преодниот рок. Британските медиуми пренесуваат дека главна цел на Гвардиола ова лето е да ги доведе Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ.
„Телеграф“, пишува дека Гвардиол најверојатно ќе дојде како замена за Ајмерик Лапорт, кој е незадоволен од минутажа оваа сезона.
„Не можам да зборувам за преодниот рок во моментов, но можам да кажам дека лично оваа сезона е полоша од претходната. Играв помалку. Најважен е успехот на клубот, но јас лично не сум задоволен “, изјави Лапорт.
Во Сити се воодушевени од Гвардиол, еден од најдобрите млади дефанзивци во светот. Тие веруваат дека 21.годишниот играч е идеална долгорочна замена доколку Лапорт реши да го напушти клубот.
„Се верува дека Лајпциг ќе го пушти во Сити за 100 милиони евра, а Гвардиол не ја крие желбата да игра во Премиер лигата“, пишува „Телеграф“.
Доколку Гвардиол го смени клубот за 100 милиони евра, ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Неодамна Сити започна преговори со Ковачиќ, играчот од средниот ред на Челзи. Фабрицио Романо, најголемиот стручњак за трансфери, тврди дека Ковачиќ и Сити речиси се договориле за условите од неговиот договор и дека Сити и Челзи допрва треба да се договорат за обештетувањето. Наводно, Челзи би можел да бара околу 40 милиони евра за 29.годишниот хрватски репрезентативец.