Шампионите од Премиерлигата, Манчестер сити во средата го објавија финансискиот извештај со кој потврдија дека минатата сезона направиле профит и покрај влијанието на пандемијата на КОВИД-19 на сите професионални клубови.
Сити ги зголемиле приходите за 19 отсто за да внесат 569.8 милиони фунти, од кои 2.4 милиони фунти биле чист профит. Во 2019/20, клубот загубил 126 милиони фунти поради прекинот на фудбалот во Англија.
Според финансиската институција „КПМГ“, пак, Сити се единствените шампион во најдобрите осум европски лиги кои имаат раст во приходите и кои успеале да ги вратат приходите на повисоко ниво од ерата пред КОВИД во 2018/19. Со овие приходи, Манчестер сити првпат во историјата имаат поголеми приходи од своите градски ривали, Манчестер јунајтед.