Top Sport

Манчестер Сити сака да ја купи новата ѕвезда на Наполи

Грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, а тоа го забележа Пеп Гвардиола и сака да го доведе во редовите на англискиот шампион Манчестер Сити. Со ангажманот на Ерлинг Халанд „граѓаните“ добија неверојатна моќ во нападот, а Гвардиола би сакал да ја надгради и со одличниот крилен напаѓач кој блеска за Наполи во Серија А.

Грузиецот го привлекува вниманието со одличните игри и е една од главните причини поради која Наполи е актуелен лидер на шампионатот во Серија А. Тој веќе го доби прекарот „Кварадона“, откако сезонава одигра 14 натпревари со седум гола и осум асистенции.

„Наполитанците“ го купија за само 11 милиони фунти, Манчестер Сити е подготвен да плати трипати повеќе за да го доведе на „Етихад“.

Scroll to Top