Top Sport

Манчестер Сити се извлече, може да носат играчи, удрени се само по џеб

Шампионот на Англија, Манчестер Сити нема да биде казнет со забрана за доведување нови играчи поради кршењето на ФИФА правилата во врска со трансферите на млади фудбалери од други земји. „Граѓаните“ имаат обврска само да платат парична казна во износ од 315.000 фунти.

„Манчестер Сити е казнет поради кршење на правата во врска со доведување и регистрација на играчи од странство помлади од 18 години. Сити го прекрши членот 19 од ФИФА законот и поради тоа е санкциониран со 370.000 швајцарски франци (315.000 фунти)“ – стои во соопштението.

Интересно е тоа што неодамна Челси беше санкциониран поради кршење на истиот член од законот, но „сините“ од Лондон добија забрана два преодни рока да не смеат да носат нови играчи. Слична судбина во минатото имаше и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top