Top Sport

Фелипе Мело со старт за во затвор, негодуваше – зошто црвен картон (видео)

Фудбалскиот ветеран, Бразилецот Фелипе Мело (36) на фудбалскиот свет му се претстави како бескомпромисен борец кој својата кариера ја градеше со борбени настапи. Таков е и денес, на залезот на кариерата

Екс-играчот на Интер, Јувентус и Галатасарај го одбележа мечот од бразилското првенство меѓу Палемирас и Баија. Тој брутално со лакт в глава стартуваше врз противнички играч по што доби директен црвен картон. Сепак, тој негодуваше на ваквата одлука на судијата.

Мечот заврши 2-2, а Мело беше исклучен при водство на Палмеирас од 1-0.

Scroll to Top