Top Sport

Манчестер Сити се повлече од преговорите за Деклан Рајс

Манчестер Сити се повлекува од трката за потписот на Деклан Рајс, пренесуваат водечките медиуми на Островот. Оваа одлука е донесена откако Арсенал синоќа достави понуда вредна 100 милиони фунти, плус уште 5 милиони во бонуси.

„Чеканите“ не ја прифатиле понудата на Арсенал, но всушност клубот од Лондон ја чекаше најновата понуда и од Манчестер Сити. Сега откако стана јасно дека „граѓаните“ нема да наддаваат понатаму, Вест Хем веројатно ќе мора да се посвети на преговорите со Арсенал.

Гвардиола сакаше Деклан Рајс да го засили неговиот среден ред поради заминувањето на Илкај Гундоган и неизвесната иднина на Бернардо Силва, но англискиот шампион сега ќе се насочи кон други цели.

Scroll to Top