Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.