Англискиот шампион, Манчестер сити, остварил најголем приход минатата сезона, стои во извештајот „Money league“, кој веќе 25 години го објавува „Deloitte“.
Сити оствариле годишен приход од 644.900.000 евра, што претставува раст од 17 отсто во однос на претходната година. Приходите на „граѓаните“ се за 4.200.000 поголеми од приходите на Реал Мадрид.
Претходната година, Манчестер сити на оваа листа беа шести.
На третото место се наоѓа Баерн Минхен, со приход ос 611.400.000 евра, додека Барселона од првото падна на четвртото место, со приходи од 582.100.000 евра.
Ревизорскиот извештај покажува дека поради пандемијата на коронавирусот, клубовите кои се наоѓаат на оваа листа, останале без приходи од 2.000.000.000 евра.
И покрај пандемијата, Премиер лигата остана финансиски стабилна и силна. На листата од 20 клубови, 11 се од Англија. Шпанија има три клуба (Реал, Барселона, Атлетико), по два имаат Германија (Баерн и Дортмунд) и Италија (Јувентус, Интер), а по еден Франција (ПСЖ) и Русија (Зенит).
Претставникот на „Deloitte“, Ден Џонс, во иднина очекува уште повеќе да се зголеми разликата која постои помеѓу клубовите од Премиер лигата и останатите.