Top Sport

Манчестер сити со „раскин“ за компанијата која бараше фалење на мечевите од ЛШ

Манчестер сити реши да ја прекине соработката со ПР-компанијата „ПХД Медија Манчестер“ која пред мечот од Лигата на шампионите против Шахтјор бараше „инфлуенсери“ да ја фалат атмосферата на стдионот.

Првите луѓе на англискиот шампион биле лути на постот на апликацијата „Трајб“ која бараше луѓе да ја фалат „одличната атмосфера“ на европските мечеви на Сити, предизвикувајќи потсмев кај ривалските навивачи, кои сметаат дека ако некој тим се смета како голем, тогаш не треба да бара фанови преку вакви иницијативи.

Манчестер сити ангажираа „инфлуенсери“ да ја фалат атмосферата на „Етихад“!

Scroll to Top