Top Sport

Манчестер Сити тргнува по Серж Гнабри

Англискиот првак Манчестер Сити летово се засили со Ерлинг Халанд, при крај е трансферот и на Калвин Филипс, но тоа не значи дека „граѓаните“ завршиле со шопинг.

Клубот од Манчестер го доведе и Хулијан Алварез од Ривер Плата и резервниот голман Ортега Морено од Арминија, но подготвува уште еден голем удар за Бундеслигата.

Манчестер Сити ќе ги вложи парите во играчот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, доколку успее да го реализира трансферот на Рахим Стерлинг во Челси.

Германецот дел од кариерата ја мина во Англија каде настапуваше за Арсенал и за Вест Бромвич Албион, но сега би се вратил во Премиерлигата како целосно етаблиран фудбалер и еден од клучните играчи на германската репрезентација.

Преговорите меѓу Гнабри и Баерн моментално се во мирување, многу клубови сакаат да го искористат тоа, особено од Островот, бидејќи за напаѓачот покрај Сити интерес покажаа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top