Манчестер Сити победува и се надева дека Арсенал ќе киксне. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Лестер на домашен терен со 3:1, а тој успеа и да одмори дел од фудбалерите со оглед дека предноста од три гола ја обезбедија за само 25 минути.
Стоунс во петтата минута донесе водство, а потоа двоен стрелец беше Ерлинг Халанд.
Пеп Гвардиола повлече дел од најдобрите фудбалери и ги одмори пред реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Лестер во 75.минута постигна почесен гол преку Келечи Ихеаначо.