Роберто Манчини би можел да ја напушти позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Односот на Манчини со челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија е сериозно нарушен бидејќи од Сојузот решиле да го ангажираат за технички директор Марчело Липи. За ангажманот на Липи никој од Сојузот не се консултирал со Манчини.
Роберто Манчини нема лични проблеми со Липи, навреден е што повеќе тој нема да одлучува за сите работи поврзани со националниот тим. Исто така Липи ќе треба да седи покрај него на клупата што значи дека таму ќе нема место за некој од помошниците на Манчини.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека на крајот навредениот Манчини би можел да си поднесе оставка и да се врати во Премиер лигата. Наводно веќе добил три добри понуди.
Манчини ја презеде Италија во најтешкиот момент во историјата на репрезентацијата. Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија. СО Манчини „азурите“ квалификациите за ЕУРО ги завршија со максимален број на победи.
Репрезентацијата на Италија првиот меч по пауза од повеќе месеци треба да го има на 4 септември во Фиренца кога во првото коло, во Лигата на нации, ќе ја пречека Босна и Херцеговина.