Top Sport

Манчини: Бонучи не требаше да си дозволи да добие црвен картон

Италијанскиот селектор, Роберто Манчини вели дека Леонардо Бонучи требал да ги избегне двата жолти картони при 1:2 поразот од Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА, но додава дека поразот само ќе им даде сила.

Серијата без пораз на „аѕурите“ заврши на 37 меча откако Феран Торес даде два гола, помогнат од црвениот картон на Бонучи пред крајот на првото полувреме – еден поради приговор, а еден поради удар со лакт.

„Понекогаш инцидентите го менуваат текот на мечот. Првото полувреме лесно можеше да заврши 1:1 и тогаш ќе беше сосема поинаку. Да бидам искрен, не го видов вториот картон, но поентата е дека Лео не требаше да дојде во позиција да добие жолти картони. Шпанците добро ја држеа топката, но разочарувачки е да загубиме со 10 играчи. Вакви грешки не треба да се случуваат на ова ниво. И покрај поразот, мислам дека перформансите беа добри во второто полувреме и само ќе добиеме на сила“, вели Манчини.

„Фуријата“ ја прекина победничката низа на Италија, Бонучи некапитенски со црвен картон

Scroll to Top