Top Sport

„Манчини е кукавица и лажго“

Пензионираниот саудиски репрезентативец и поранешен напаѓач Јасер Ал Кахтани (41), упати жестоки критики до селекторот на националниот тим Роберто Манчини. Ал Кахтани за Саудиска Арабија има одиграно 112 натпревари, постигнал 42 гола.

Манчини пред мечот со Оман, на Купот на Азија, исфрли тројца репрезентативци бидејќи одбиле да бидат дел од тимот доколку не играат од првата минута.

„Јас одлучувам кој ќе игра“, изјави Манчини на прес-конференцијата, а потоа целата ситуација ја нарече чудна. Потоа се огласи Ал Кахтани, кој не се согласува со Манчини.

„Не сум сретнал поголема кукавица од Манчини. Тој не заслужува да го води тимот. Тој е кукавица без почит кон никого и со психолошки комплекс. Квалитетниот лидер мора да ги брани оние што ги води. Манчини отпушти играчи кои му служеа на саудискиот фудбал. Зошто збирува за нив пред мечот со Оман, кога состанокот со нив го одржа пред месец и половина? праша Ал Кахтани, пренесува „Газета дело Спорт“.

„Манчини е лажго. Тој рече дека ги прашал играчите дали се среќни што ќе седат на клупата. Нормално е што рекле „не“. Играчо кој нема да каже „не“, не е амбициозен и не заслужува да биде дел од репрезентацијата“, смета Ал Кахтани.

„Манчини ги обвини играчите дека не се патриоти. Никој не може да го направи тоа. Ќе покренам истрага за да се потврди се што кажа. Мислам дека на крајот ќе сака да ја напушти репрезентацијата”, додаде поранешниот напаѓач на Ал Кадсија, Ал Аин и Ал Хилал, кој според Трансфермаркт, постигнал 146 гола на 308 настапи во својата клупска кариера.

Манчини ја презеде Саудиска Арабија на крајот на август 2023 година и досега ја водеше на седум натпревари. Оствари три победи, едно реми и три порази. Неговиот договор е со важност до летото 2027 година. Пред тоа беше селектор на Италија со која го освои Европското првенство во 2021 година.

Во текот на својата тренерска кариера ги водеше и Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер сСити, Галатасарај и Зенит. Освои 13 клупски трофеи.

Scroll to Top