Top Sport

Манчини: Финалисима е крај на циклус, следува подмладување на репрезентацијата

Утрешниот меч против Аргентина, првата „Финалисима“, меч помеѓу јужноамериканскиот и европскиот шампион ќе биде крај на ера за италијанската репрезентација, која ќе се фокусира на помладување по фијаското против Македонија, потври селекторот Роберто Манчини.

„Аѕурите“ славно стигнаа до титулата на ЕУРО 2020 со победа на Англија на пенали, но потоа вторпат едноподруго не успеаја да се пласираат на Светското првенство, откако Македонија ги совлада во Палермо во полуфиналето на баражот.

Капитенот Џорџо Кјелини последен пат ќе биде во составот, но Манчини вели дека за многу играчи мечот на „Вембли“ е крај на патот.

„Утрешниот меч ќе биде тој кој ќе го заврши циклусот. Тоа не значи дека 15-20 играчи ќе си отидат од репрезентацијата, но ќе почнеме да повикуваме некои млади таленти и ќе размислуваме за иднината. Дали тие млади фудбалери ќе играат за своите клубови е помалку важно, но мораме да мислиме за под,ладување“, вели Манчини.

Италија ја нема победено Аргентина од 1987 година, а последниот меѓусебен меч беше пријателски меч на „Олд Трафорд“ во Манчестер во март 2018, кога Аргентина победи со 2:0.

Scroll to Top