Top Sport

Манчини го врати Заниоло, но ги исфрли Кваљарела и Де Роси од репрезентацијата

Италијанскиот селектор Роберто Манчини ја врати ѕвездата на Рома, Николо Заниоло во селекцијата за квалификациите за Евро 2020, но од списокот ги исфрли ветераните Даниеле де Роси и Фабио Кваљарела.

Заниоло беше исфрлен од репрезентацијата поради недисциплина и беше пратен во У-21 репрезентацијата, но Манчини реши да го врати 20-годишниот талент за кого изјави дека „има уште многу да даде“.

Де Роси ќе почека за својот проштален меч во репрезентативниот дрес бидејќи се мачи со повреда, додека ветеранот на Сампдорија, Фабио Кваљарела е изоставен за помлади напаѓачи. Првпат е повикан десниот бек на Наполи, Џовани ди Лоренцо, а во тимот се враќаат и Кристијано Бираги и Леонардо Спинацола.

„Аѕурите“ можат да се квалификуваат на Евро 2020 со победа над Грција на 12 октомври.

ИТАЛИЈА, РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Милан), Пјерлуиџи Голини (Аталанта), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Торино)

Дефанзивци: Франческо Ачерби (Лацио), Кристијано Бираги (Интер), Леонардо Бонучи (Јувентус), Данило Д’Амброзио (Интер), Џовани ди Лоренцо (Наполи), Алесандро Флоренци (Рома), Армандо Ицо (Торино), Џанлука Манчини (Рома), Алесио Ромањоли (Милан), Леонардо Спинацола (Рома)

Среден ред: Николо Барела (Интер), Федерико Бернардески (Јувентус), Брајан Кристанте (Рома), Жоргињо (Челси), Стефано Сенси (Интер), Марко Верати (Пари Сен-Жермен), Николо Заниоло (Рома)

Напад: Андреа Белоти (Торино), Федерико Киеза (Фиорентина), Стефан Ел Шарави (Шангај Шенхуа), Винценцо Грифо (Фрајбург), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи).

Scroll to Top