Италијанскиот селектор Роберто Манчини инсистира дека Италија има „четири-пет“ таленти како британската ѕвезда Џуд Белингем, но за разлика од него тие не добиваат минутажа во своите клубови.
Белингем, иако има само 19 години, веќе е стандарден првотимец во Борусија Дортмунд, а беше и во составот на Герет Саутгејт на Светското првенство во Катар.
„Не е проблемот во тоа што ни недостасува талент, туку што не му дозволуваме да се развива. Ги бараме насекаде, вклучувајќи во сите младински тимови. Мислам дека Италија има четири-пет таленти со квалитет на Белингем, но мора да им се даде шанса да играат. Имаме млади квалитетни фудбалери, но тие немаат иксуство. Во Англија, Холандија или Германија, ако фудбалерот е талентиран, тогаш ќе му се даде шанса. Тука, тие не играат“, вели Манчини.