Top Sport

Месец дена по триумфот Меси носталгичен: Ми недостасуваат ср.њата кои ги правевме

Лионел Меси преку Инстаграм го одбележи првиот месец како светски шампион, носталгично потсетувајќи се на моментите кои ги сподели со своите соиграчи од аргентинската репрезентација на Светското првенство во Катар.

За 35-годишниот Меси перформансите на теренот биле само дел од пријатното искуство, потсетувајќи се на доброто време поминато со соиграчите, како и на долгата прослава на круната која следуваше потоа.

„Помина најубавиот месец на светот и уште не ми се верува. Какво прекрасно лудило поминавме во тоа време и на крајот завршивме со кревање на трофејот кој сите го посакувавме. Секако, кога си шампион сите работи се поубави, но каков прекрасен месец имавме, колку прекрасни сеќавања за цел живот. Ми недостасуваат моите соиграчи, дневната рутина со нив, другарите, разговорите, тренинзите, ср.њата кои ги правевме… Благодарам на Господ за овие работи. Како што велев, знаев дека ќе дојде титулата, но не можев да замислам дека ќе го оствариме на таков начин. Помина еден месец откако сме СВЕТСКИ ШАМПИОНИ“, напиша Меси.

Scroll to Top