Репрезентацијата на Италија и покрај тоа што е актуелен европски првак, нема да игра на СП во Катар. Македонија и Александар Трајковски ги исфрлија Азурите во баражот за пласман на Мундијалот.
Наместо да се подготвуваат за Катар, Италијанците вечерва ќе одиграат пријателски натпревар со Албанија, а прес-конференција одржа селекторот Роберто Манчини.
„Ова ќе биде тежок месец. Иако се чувствуваме огорчени, мораме да играме. Има работи кои ќе ни бидат корисни од март во квалификациите за ЕУРО 2024. Можеме да испробаме играчи и тактики“, изјави Манчини, кој беше прашан зошто му е важен натпреварот со Албанија.
Потоа го коментираше неуспехот на неговата репрезентација во квалификациите за Светското првенство.
„Тешко ми е од март. Заслуживме да одиме на Светското првенство, но за жал ги пропуштивме нашите можности. Таков е фудбалот, по големото задоволство дојде големо разочарување и сега не можеме ништо. Светското првенство без Италија е поинакво. Мораме напорно да работите за повеќе не ни се случи ова“, рече Манчини.