Top Sport

Манчини ја презеде Саудиска Арабија за 25 милиони евра

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија

Манчини пред две недели поднесе оставка од селекторската функција на Италија, а со Саудиска Арабија потпиша четиригодишен договор.

Неговите први натпревари на клупата на Саудиска Арабија ќе бидат против Костарика на 8. септември и Јужна Кореја четири дена подоцна.

Двата натпревари се пријателски.

„Испишав историја во Европа, сега е време да испишеме историја со Саудиска Арабија“, рече Манчини.

Италијанските медиуми објавија дека Манчини ќе заработува 25 милиони евра годишно.

„Исклучителна чест ми е што ми е понудена функцијата селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Верувам дека ова е одлична можност за мене да го искусам фудбалот во нова земја, особено со зголемената популарност на фудбалот во Азија“, рече Манчини.

На местото на Манчини на клупата на италијанската репрезентација дојде Лучијано Спалети.

Како селектор на Италија, Манчини ја освои титулата европски првак во 2021 година, но не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар следната година.

Scroll to Top