Top Sport

Манчини ќе добие отказ

Саудиска Арабија со големи амбиции пристигна во Катар на Купот на Азија, а турнирот го заврши во осминафиналето по поразот од Јужна Кореја на пенали.

Амбициите беа високи, што се потврди и со назначувањето на Роберто Манчини за селектор. Неколку дена по елиминацијата, Италијанецот е означен како главен виновник за неуспехот.

Медиумите го критикуваат за изборот на играчи, изостави дел од постарите и поискусни репрезентативци, на што приговараа и челниците на Фудбалскиот сојуз.

Најмногу го обвинуваат што ја напушти клупата пред последниот пенал на Корејците во пенал рулетот, бидејќи беше убеден натпреварот завршил. Саудиските медиуми наведуваат дека тој покажал непочитување кон тимот.

Манчини засега на клупата го држи само договорот. Со плата од 30 милиони евра е најплатениот тренер во светот. Тој има договор до 2026 година.

Сепак, познато е дека парите не се проблем за Саудијците и лесно ќе го подмират долгот кон Манчини доколку решат да му дадат оставка.

Scroll to Top