Добрата финансиска понуда била главнат причина што Роберто Манчини неочекувано си замина од позицијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, бидејќи во Саудиска Арабија ќе добие 90 милиони евра за тригодишен договор, тврди „Ла газета дело спорт“.
Манчини даде оставка пред две недели, пред мечевот со Македонија во квалификациите за Европското првенство, и Италијанската фудбалска федерција (ФИГЦ) веќе го именуваше поранешниот тренер на Наполи, Лучано Спалети како негова замена.
„Газета“ тврди дека Манчини се договорил со Саудиската фудбалска федерација да стане селектор со договор до СП во 2026 година и со 30 милиони евра годишна плата. Прва задача на Манчини ќе биде натапот на Азискиот куп во јанури – Саудијците се трикратни шампиони, но последен пат ја освоија титулата во далечната 1996 година.