Top Sport

Манчини ќе натурализира уште еден фудбалер пред дуелите со Македонија?

Европскиот првак Италија тргна во натурализација на фудбалери со кои селекторот Роберто Манчини сака да го засили составот во квалификациите за ЕП 2024 во Германија. После успешната „акција“ со Матео Ретегуи, Аргентинецот кој има италијанско потекло и заигра во дресот на „аѕурите“, сега би можел да го следи и еден од најталентираните млади француски фудбалери, Рајан Черки.

19-годишниот фудбалер е роден во Лион, но има алжирско и италијанско потекло по своите баба и дедо.

Rayan CHERKI of Lyon during the Ligue 1 Uber Eats match between Lyon and Paris Saint Germain at MATMUT Stadium on September 18, 2022 in Lyon, France. (Photo by Romain Biard/Icon Sport)

Селекторот Роберто Манчини веќе имал состанок со фудбалерот и му најавил дека пред него е убава репрезентативна кариера доколку одлучи да го носи дресот на Италија.

Македонија е во група со Италија во квалификациите за ЕП 2024, првиот меч се игра во септемри во Скопје, а реваншот е закажан за ноември.

Претходно, нашиот национален тим ја елиминираше Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Лани во март, Македонија славеше во Палермо со 0:1, со голот на Александар Трајковски.

Scroll to Top