Top Sport

Манчини: Кога ќе го вратам Балотели? Нека постигне 25 гола

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, рекол дека потребно е Марио Балотели да има одлична сезона за да може да се врати во националниот тим.

Балотели неодамна се врати во Италија, тој потпиша договор со Бреша. Се уште не дебитирал поради суспензијата од четири натпревари.

„Се надевам дека тоа што се врати во родниот град ќе го искористи за да ја рестартира својата кариера. Има 29 години и би требало да е на врвот од кариерата. Се она што го покажуваше низ годините не може преку ноќ да исчезне. Сега се зависи од него“, им изјавил Манчини на италијанските медиуми.

Балотели последен пат играл за Италија пред една година. Во кариерата за националниот тим одиграл 36 натпревари и постигнал 14 гола.

„Доколку Мрио постигна 25 гола, доколку соработува со тимот и доколку прави се она што треба да го направи еден 29 годишен фудбалер тогаш има шанси да се врати во репрезентацијата…За него е важно да има добра сезона“, заклучил италијанскиот селектор.

Scroll to Top