Италија синоќа ја декласира Грција во Атина со 3:0 и го задржа максималниот ефект во квалификациската група Ј, за пласман на ЕУРО 2020. Италијаните победникот го решија за само десет минути со головите на Барела, Инсиње и Бонучи. Интересно и покрај победата селекторот Роберто Манчини не бил задоволен од она што го прикажале неговите избраници.
„Мислам дека не игравме најдобро. Најважно е што продолживме да напредуваме и што го диктиравме ритамот“, рекол Манчини и дополнил дека бил изненаден што во вториот дел неговите играчи не постигнале ниту еден гол.
„Требаше повеќе да напаѓаме, често ја чувавме топката на нашата половина. Головите не ги постигнаве од некои изработени позиции“, заклучил италијанскиот селектор.
Италија, во вторник, ќе игра во Торино против Босна и Херцеговина.