Top Sport

Манчини: Сакаме да играме во финалето

Вечерва во Милано, Италија и Шпанија ќе го одиграат првиот полу-финален натпревар на завршниот турнир во Лигата на нации. Дуелот на „Сан Сиро“, ќе биде реприза на полу-финалето од последното Европско првенство, кое по изведувањето на пенали го доби Италија.

Италија ќе се обиде да ја продолжи импресивната низа, оваа репрезентација нема пораз на последните 37 натпревари. Последниот пораз на Италија датира од 10.септември 2018 година.

„Би сакале да ја продолжиме низата, мислам дека тоа зависи од нас. Луис Енрике има право да каже дека низата ќе биде прекината еден ден, знам дека порано или подоцна тоа ќе се случи. Но би сакал тоа да не се случи до декември 2022 година“, рекол италијанскиот селектор, Роберто Манчини.

„Беше тешко на ЕУРО 2020. Се мачевме. Шпанците против нас го одиграа најдобриот меч на ЕП, ние се мачевме да дојдеме до топката. Ќе мораме да бидеме подобри во контакт играта и да бидеме побрзи од нив. Сакаме да победиме и да играме во финалето“.

Италија и Шпанија својот дуел ќе го започнат во 20.45 часот, ден подоцна во истиот термин, во Торино, ќе играат Белгија и Франција. Финалето ќе се одигра во Милано на 10.октомври.

Scroll to Top