Top Sport

Манчини се враќа во Сампдорија

Легендарниот италијански тренер Роберто Манчини по 28 години се враќа во тимот на Сампродрија како спортски директор.

Ситуацијата во клубот никогаш не била полоша, има долг од 175.000.000 евра, а за прв пат во историјата му се заканува испаѓање во Серија Ц.

Манчини ќе се обиде да му помогне на тимот, каде што се влечат опашки од периодот кога претседател беше Масимо Фереро.

Клубот едвај доби лиценца за натпреварување, а во еден момент дури му се закануваше и ликвидација поради огромните долгови кон поранешните играчи и тренери.

Освен на функцијата спортски директор, промена ќе има и на тренерската позиција, каде сега ќе биде Алберико Евани, член на легендарната генерација на Милан.

Сега веќе поранешниот селектор на Саудиска Арабија ќе има одврзани раце во клубот за да се обиде да му го врати стариот сјај.

Scroll to Top