Итaлијанскиот селектор, Роберто Манчини признава дека Роберт Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во историјата и вели дека е штета што Полјакот никогаш не заигра во Серија А, пред денешниот меч против Полска во Лигата на нации.
Левандовски постигна неверојатни 55 гола во 2019/20 за да помогне Баерн Минхен да стигне до титулите од Бундеслигата, ДФБ купот и Лигата на шампионите и многумина сметаа дека тој треба да ја добие „златната топка“, иако доделувањето на наградата беше откажано од „Франс фудбал“. Новата сезона тој ја почна со пет гола во три меча, и Манчини пред мечот во Гдањск вели дека сите ги знаат неговите квалитети.
„Левандовски е еден од најдобрите на светот и ја има таквата позиција неколку години. Вистинска штета што не го видовме како игра во Серија А. Тој е клучен фудбалер за Полска, иако не и единствената опасност. Секој тим би се мачел против него, но Италија ги има најдобрите одбранбени играчи на светот“, вели Манчини.