Top Sport

Манчини уште сега го знаел составот за ЕУРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, повеќе нема да прави експерименти во својот тим пред почетокот на Европското првенство. Тој тоа го изјавил пред почетокот на последниот меч од квалификациите за ЕУРО 2020 против Ерменија.

Италија, во групата Ј има девет победи во исто толку натпревари. Од оваа група пласман на ЕУРО 2020 избори и Финска.

Манчини веќе знаел кои играчи ќе ја претставуваат Италија на континенталното првенство. Доколку здравствениот билтен биде во ред Манчи на ЕП ќе настапи со овие 23 фудбалери.

Голмани: Донарума (Милан), Мерет (Наполи), Сиригу (Торино)

Одбрана: Ачерби (Лацио), Бонучи (Јувентус), Кјелини (Јувентус), Ди Лоренцо (Наполи), Емерсон (Челси), Флоренци (Рома), Ромањоли (Милан), Спинацола (Рома)

Ред за врска: Барела (Интер), Сенси (Интер), Жоргињо (Челси), Тонали (Бреша), Верати (ПСЖ), Заниоло (Рома)

Напад: Белоти (Торино), Бернардески (Јувентус), Киеза (Фиорентина), Имобиле (Лацио), Инциње (Наполи), Пелегрини (Рома).

Scroll to Top