Top Sport

Примија седум гола од Шпанија, селекторот не се сеќава на последните три

Малта во четвртокот доживеа тежок пораз кај фаворизираната Шпанија (7:0). Седум различни играчи ги постигнаа головите за Шпанија што е единствен случај во историјата на фудбалот.

Шпанците два гола постигнаа во првото полувреме (Мората, Казорла) и пет во второто полувреме (Пау Торес, Сарабија, Олмо, Морено, Хесус Мавас).

Интересно е што селекторот на Малта, Реј Фаруџиа, воопшто не се сеќава на последните три гола постигнати во 69., 71. и 85 минута. Во текот на натпреварот тој силно удрил со главата во конструкцијата на клупата каде што седат резервните фудбалери.

„Воопшто не се сеќавам што се случуваше во последните 20 минути, не се сеќавам на головите“, рекол Фаруџиа.

Scroll to Top