Top Sport

Манчини: Вијали го запознав кога имавме 16 години и никогаш не се разделивме

Светот се простува со Џанлука Вијали, поранешниот италијански напаѓач кој во петокот почина од рак на панкреасот на 59. одишна возраст. Неговиот пријател од детството, поранешен соиграч и човекот кој накратко го врати во репрезентацијата, Роберто Манчини, имаше посебен однос со него и рече дека по Синиша Михајловиќ за краток период изгубил уште еден брат.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, италијанскиот селектор се присети на нивната последна средба на 29. декември.

„Беше слаб, со слаб глас, но многу луциден. Разговаравме малку за се, дури ме праша за собирот на млади играчи во декември. Сакаше да знае како се развива проектот“, рече Манчини.

„Неколку дена по збогувањето на Синиша, изгубив уште еден брат. Мојот помал брат, како што сакав да го нарекувам“, продолжи Манчини, потсетувајќи се на почетокот на нивното пријателство.

„Се запознавме кога имавме 16 години и никогаш не се разделивме. Еднаш, во тага и горчина плачевме, пред многу години. Вториот пат плачевме од радост, нè обедини судбината пред неговата смрт. Џанлука беше најдобриот од нас, комплетен напаѓач, совршен и храбар човек. Долго време се надевав дека ќе стане претседател на Сампдорија, ќе започне неверојатна историја, исто како кога беше фудбалер. Беше привилегија да се биде негов пријател и соиграч во фудбалот и животот.

Ме направи среќен. Тој имаше огромна улога во освојувањето на европското првенство. Играчите го сакаа. Џанлука имаше сила и ни даде храброст за која не ни знаевме дека ја имаме, што ја имаше во борбата со болеста, кога остана со нас колку што можеше. Се збогувам со друг брат, после Синиша. Неговата сила ќе ме турне напред да му посветам нешто важно, за што сонувавме цел живот“.

Манчини дојде во Сампдорија во 1982 година како 18. годишник и остана до 1997 година, кога се пресели во Лацио, а Вијали играше за клубот од Џенова од 1984 до 1992 година, а заедно во 1991 година му ја донесоа единствената шампионска титула во историјата.

Михајловиќ им се приклучи во Сампдорија во 1994 година, а подоцна играше со Манчини во Лацио. Српскиот дефанзивец почина на 16. декември на 53. годишна возраст.

Scroll to Top