Top Sport

Манчини во мај ја презема италијанската репрезентација?

Италијанските медиуми тврдат дека националната фудбалска федерација (ФИГЦ) го избрала Роберто Манчини за нов селектор, и дека тој ќе ја преземе новата улога веќе на пријателскиот меч против Саудиска Арабија на 28 мај.

Денеска се објави дека „аѕурите“, кои се без постојан тренер по отказот на Џампјеро Вентура по неуспехот во квалификациите за СП во Русија, ќе игра со Саудиска Арабија првпат во историјата во Санкт Гален во Швајцарија.

Според „Спорт медиасет“, ФИГЦ планира да има нов селектор до 20 мај и изборот паднал на сегашниот тренер на Зенит Санкт Петербург, Манчини. Претходно во игра за позицијата која привремено ја извршува Луиџи ди Бјаџо беа и Карло Анчелоти и Антонио Конте.

53-годишниот Манчини претходно имаше одлични успеси со Интер и Манчестер сити, а беше тренер и на Галатасарај, Лацио и Фиорентина.

Фото: ЕПА

Scroll to Top