Сега веќе легендарниот голман на Марсеј, Стив Манданда одлучи да ја заврши кариерата.
Договорот на Манданда со Рен истече во јуни, а бидејќи францускиот голман веќе има 40 години, тој одлучи да се пензионира. Поранешниот француски репрезентативец се обиде да најде нов клуб и да ја продолжи кариерата за барем уште една година, но тоа не успеа.
Манданда стана легенда на Марсеј. Тој дојде многу рано во клубот од југот на Франција од Авр. Помина осум години таму, пред да се пресели во Кристал Палас, каде што не остана долго. Манданда повторно се врати во Марсеј и остана во Олимпик уште четири години таму.
Тој освои една титула со Марсеј и три Лига купови, како и два Суперкупа. Бранеше за Марсеј во 612 наврати, а кариерата ја заврши во Рен, каде што беше меѓу стативите 102 пати.