Top Sport

Манџо се поздравил со соиграчите, се сели во Катар

Марио Манџукиќ го напуштил Јувентус. Кариерата ќе ја продолжи во Катар, а не како што пишуваа викендов италијанските медуми во Лос Анџелес ФЦ.

Хрватскиот репрезентативец, незаменлив кај Масимилајано Алегри, стана последна опција во плановите на Маурицио Сари. Дека ќе замине од клубот стана јасно во моментот кога новиот тренер на Јувентус не го пријави за настапите во Лигата на шампионите.

Манџукиќ, во саботата, повторно со одлука на тренерот не беше со тимот во Фиренса, а потоа од клубот потврдиле дека тој преговара за трансфер во Катар.

„Калчомеркато“ објави во понеделникот дека Манџо веќе се збогувал со соиграчите и дека наскоро треба да биде официјализиран трансферот во Ал-Гарафа.

Јувентус од овој трансфер ќе добијат 10 милиони евра, а Манџукиќ ќе игра за годишна плата од шест милиони евра.

Во Ал-Гарафа соиграчи на Манџо ќе му бодат Мехди Бенатија, Јасим Брахими и Владимир Вајс.

Преодниот рок во Катар трае до 30 септември.

Scroll to Top