Top Sport

Обамејанг (ин)директно ги прозва Сократис и Давид Луиз

Арсенал, вчера освоија бод кај Вотфорд, иако на полувреме имаа предност од 0-2. Две различни лица покажаа избраниците на Унаи Емери, во првото доминираа и може да постигнат уште некој гол, додека во второто панично се бранеа и можат да бидат задоволни што на крајот освоија еден бод.

Работите за Арсенал тргнаа лошо во 53 минута, кога Сократис почетнички погреши, а Клеверли постигна гол. Конечните 2-2 ги постави Переира кој постигна гол од пенал, откако врз него невнимателно стартуваше Давид Луиз.

Предноста од два гола на Арсенал по првиот дел им ја донесе Пјер-Емерик Обамејанг.

„Имам чувство дека на противниците им подаруваме голови. Не сакам да обвинам никого, бидејќи и ние од нападот можевме да постигнеме уште еден гол и да го решиме победникот. Сепак неверојатно е да ја испуштиме предноста и на крајот да се бориме за еден бод“, рекол Габонецот.

Scroll to Top