Top Sport

Манџукиќ, Џан и пари за Пол Погба

Марио Манџукиќ и Емре Џан во јануари ќе го напуштат Јувентус, такви се нивните желби откако новиот тренер Маурицио Сари не ги регистрираше за настапи во Лигата на шампионите.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ќе се обиделе да ги искористат Манџукиќ и Џан за да го вратат Пол Погба во Торино.

Речиси цела година се шпекулира дека Погба сакал да ги напушти Манчестер Јунајтед, дека сакал да игра во клуб каде ќе се бори за трофеи.

Погба за 110 милиони евра во 2016 година од Јувентус замина во Јунајтед.

Планот на Јувентус бил, во јануари, да ги понудат Манџукиќ и Џан и одредена сума на пари за да го врата Погба.

Scroll to Top