Top Sport

Манџукиќ опција за Милан, ако пропадне договорот со Ибрахимовиќ?

Милан и понатаму го чека одговорот од Златан Ибрахимовиќ дали Швеѓанецот се враќа на „Сан Сиро“, пишуваат италијанските медиуми. Милан на 38-годишниот напаѓач му нуди 6 месечна соработка + евентуални 12 месеци, но Ибраќимовиќ сака директен 18-месечен трансфер.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан се чини не препуштаат ништо на случајноста, па според пишувањето на „Кориере дела Спорт“. Бобан го повикал Манџукиќ да се договорат за негово евентуално преминување во клубот, доколку пропадне можноста Ибрахимовиќ повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес.
Contatti avviati anche con Mandzukichttps://t.co/yrVMkobgBQ#contatti #mercato #milan #juve
— SpazioMilan.it (@SpazioMilan) December 12, 2019
Манџукиќ очигледно не е во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, и речиси сигурно хрватскиот интернационалец идниот месец ќе го напушти Торино.

Досега како најизгледна опција за него се споменуваше трансфер во Манчестер Јунајтед, но преговорите се забавија, што Бобан се обидува да го искористи за да го засили нападот на „росонерите“.

Договорот на Манџо со Јуве е до 2021 година, а неговата годишна плата сега е 6 милиони евра.

Scroll to Top