Top Sport

Го запалија, го обоија, а сега и го пресекоа – падот на Златан е извесен (фото)

Има нови моменти поврзани со споменикот на Златан Ибрахимовиќ поставен пред стадионот на Малме, во Шведска. Откако најпрво изневерените навивачи на шведскиот клуб ставија вц-даска на него, па го запалија и го обоија со расистички навреди, сега го пресекоа споменикот, и тоа кај нозете. Постои опасност споменикот да падне.

Вандалите не ги спречи ниту тоа што градските власти во Малме поставија заштитна ограда и чувањи околу споменикот.
Освен нападите на спомен-обележјето на Швеѓанецот, лутите навивачи на вратата од неговата куќа во Стокхолм напишаа „Јуда“.

Навивачите на овој шведски клуб се огорчени затоа што најпознатиот фудбалер од тој град купил 25% од акциите на големиот ривал – Хамарби.

Погледнете ја фото-галеријата од вандализмот:

Scroll to Top