Поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ ја имаше официјалната промоција во фудбалскиот клуб од Катар, Ал-Духаил.
Искусниот напаѓач во Доха пристигна од Јувентус, каде играше во изминатите четири и пол години.
Манџукиќ со клубот од Катар потпишал договор до јуни 2021 година. Годишно ќе заработува 7,5 милиони евра.
Nu har Mario Mandzukic anslutit till qatariska Al Duhail!#Mandzukic #Juventus #AlDuhail pic.twitter.com/12Z1esT2Lt
— Juventus Club Svezia (@ClubSvezia) December 30, 2019
Во кариерата Манџукиќ играл и за Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфсбург, Динамо Загреб и Марсонија.
За Хрватска настапил на 89 натпревари, постигнал 33 гола. Во 2018 година беше дел од репрезентацијата која го освои второто место на Светското првенство во Русија.