Дуелот Хрватска-Аргентина заврши со славна победа на „коцкестите“ од 3:0, но сега внимателните гледачи го забележаа интересниот дуел на ветеранот Хавиер Маскерано и хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.
Маскерано, прво, намерно го гази напаѓачот, а откако овој се жали до судијата на мечот, почна објаснувањето меѓу двајцата фудбалери. Манџукиќ во свој стил, едноставно му покажа дека не го гледа поради висинската разлика. Бесценето.