Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ пред 3 дена официјално беше промовиран во редовите на катарски Ал Духаил. Хрватот со насмевка позираше со сопствениците на клубот.
„Се подготвувам за ново поглавје во кариерата. Ова е еден од најголемите клубови во Азија. Одвај чекам со соиграчите да тргнеме во освојување на целите на клубот“ – изјави 33-годишниот фудбалер.
Денеска полуларниот Манџо имаше прилика да го одработи првиот тренинг во сезоната, а притоа доби пригоден подарок кој личи на меч.
Манџукиќ во новиот клуб би требало да заработува по 8 милиони од сезона, поточно 12 милиони евра за година ипол, колку што му е договорот.
Во Јувентус имаше годишна плата од 5.5 милиони евра.