Top Sport

Манџукиќ во ПСЖ како алтернатива за повредените Мбапе и Кавани?

Хрватскиот фудбалски интернационалец, 33-годишниот голгетер на Јувентус, Марио Манџукиќ цело лето беше мета на различни европски тимови откако се чини стана прекуброен во Торино. Најгласно се споменуваше негова преселба во Манчестер Јунајтед, но најновата информација која ја пренесуваат италијанските медиуми е дека за него е заинтересиран францускиот шампион, ПСЖ.

„Светците“ од Париз имаат големи проблеми со повредите и екипата е десеткувана на стартот на новата сезона. На листата повредени се Едисон Кавани и Килијан Мбапе, додека Нејмар нема одигран ниту минута за ПСЖ откако се уште трае „сапуницата“, дали ќе оди во Барселона или Реал Мадрид.

Информациите се дека имало контакт меѓу Управите на ПСЖ и Јуве, но останува да се види дали Манџукиќ е заинтересиран за трансфер во Франција.

Моментната вредност на Хрватот се движи околу 18 милиони евра, па се чини дека за ПСЖ тоа би бил најмалиот проблем во сиуацијава.

Останува да се види колку понудата е сериозна.

Scroll to Top