Top Sport

Санчез е во Милано, часови го делат од потпис со „нероазурите“(видео)

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез попладнево пристигна во Милано каде денеска би требало да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор за позајмица од Манчестер Јунајтед во Интер.

Чилеанецот во Милано доаѓа на позајмица без право на откуп од страна на „нероазурите“, но засега не е познат износот со кој би можел Санчез трајно да го напушти „Олд Трафорд“

Санчез во Интер дошол по барање на тренерот на миланскиот клуб, Антони Конте кој го познава неговиот стил на игра уште во периодот кога беше на клупата на Челси.


Инаку, што се однесува до цената која Интер ја платил за позајмицата на чилеанскиот офанзивен фудбалер, тие ќе плаќаат само дел од неговата плата, додека преостанатиот дел, околу 215.000 фунти неделно на сметката на Чилеанецот ќе се слеваат од Манчестер Јунајтед.

Ќе игра во Интер, а пола плата ќе зема од Манчестер Јунајтед

Scroll to Top