Top Sport

Ранет телохранителот на Мејведер

Грегори ла Роса, телохранител на легендарниот боксер кој се пензионира без загубен меч, Флојд Мејвејдер, бил ранет од огнено оружје во Атланта.

Инцидентот се случил кога колоната од три автомобили, во кои бил и Мејвједер, се движела кон хотелот во Атланта. Непознати напаѓачи пукале во првиот автомобил, а телохранителот Ла Роса бил ранет во ногата.

„Во овој момент делува дека напаѓачот не пукал случајно во автомобилот во кој била жртвата“, рекол портпаролот на полицијата во Атланта, Доналд Ханах.

Телохранителот бил хоспитализиран, а според полицијата, колоната на автомобили се движела од ноќниот клуб кон хотелот, кога се појавило друго возило откаде биле испукани неколку куршуми во рвиот автомобил. Напаѓачите по пукањето продолжиле да ја следат колоната, а телохранителот бил пренесен в болница, дури кога напаѓачите се откажале од потерата.

Според американските медиуми, славниот боксер, кој на социјалните мрежи го истакнува своето богатство, бил во вториот автомобил.

Scroll to Top