Top Sport

Мане ги казни грешките на Кристенсен и Кепа, Ливерпул го победија Челси

Ливерпул славеа на „Стенфорд Бриџ“ против Челси со 2:0 во премиерлигашкото дерби одиграно во рамките на 2.коло. Одново одбраната на челси беше таа која го турна тимот во пораз. Кристенсен на истекот на првиот дел доби врцен картон, а голманот Кпеа во второто полувреме на противниците им го подари вториот гол.

Во тактичко надмудрување, без многу убавина во играта мина првиот дел, во кое Ливерпул ја контролираше играта, но без конкретна закана кон голот на „сините“.

На истекот на првиот дел Мане му побегна на Кристенсен, Данецот направи фаул за кој доби црвен картон.

Во вториот дел Ливерпул влезе со намера што побргу да постигне гол, тоа им успеа во 50 минута кога по акцијата на Салах и Фирмино, Мане му побегна на Џејмс и од непосредна близина ја зафати топката со глава и го матираша Кепа.

Четири минути подоцна Сенегалецот успеа да пресече едно додавање на голманот на Челси и го постави конечниот резултат.

Жоргињо не реалзиираше пенал за Челси во 72 минута. Алисон Бекер го одбрани неговиот удар. На пеналот му претходеше прекршокот на Алкантара врз Вернер. Десет минути подцна Алисон се истакна уште еднаш кга го одбрани ударот на Ејбархам.

Во финишот Кепа забележа две интервенции со кои спречи повисок пораз на својот тим.

Scroll to Top